Доминацијата продолжува: Синер го покори Рим и испиша историја!

Доминацијата на Јаник Синер продолжува во светот на тенисот, откако денеска во финалето на мастерсот во Рим славеше со 2-0 во сетови против Каспер Руд.

Руд имаше подобар почеток на мечот и веднаш направи брејк за водство од 2-0, но Синер лесно стигна до брејк во третиот гем, па потоа и во деветтиот за да слави со 6-4.

Синер направи брејк и на стартот на вториот сет и стигна до предност, по што Руд не успеа да ја врати неизвесноста и на крајот Италијанецот запиша победа од 6-4.

Италијанецот со оваа победа се запиша во историјата затоа што го комплетира „Златниот мастерс“, односно ги освоил сите претходни мастерс-турнири.