Моќна Македонија, ја уништивме Словачка за пласман на - Светско првенство!
Македонија го продолжува континуитетот на настапи на големите натпреварувања, наредниот јануари ќе настапиме на Светското првенство кое ќе се игра во Германија.
Ова беше најубедлив бараж на Македонија за пласман на Мундијал, вкупниот резултат беше 69-47.
Избраниците на Кире Лазаров од самиот старт почнаа да доминираат, Словаците не беа рамноправни ниту во еден момент. Веднаш направивме разлика и како одминуваше времето само го зголемувавме водството. На полувремето водевме со 18-11.
Слично беше и во второто полувреме, македонските ракометари играа одлично, немавме многу технички грешки за разлика од противникот, ги реализиравме нападите и ја зголемувавме предноста до конечни 38-23.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Кузмановски со 11 голови, Лазаревски постигна шест, пет реализираше Велковски.
Ждрепката за Светското првенство е на 10 јуни во Минхен.







