Брајтон загуби од Лидс, Сандерленд го нокаутира Евертон! (ВИДЕО)
Доминик Калверт-Луин го постигна победничкиот гол за Лидс, и тоа во шестата минута од судиското надополнување со што донесе три бодови за неговата екипа.
Евертон поведе против Сандерленд со голот на Рол во 43. минута, а гостите успеаја да направат целосен пресврт во вториот дел.
Броуби погоди за 1-1 во 59. минута, а до крајот стрелаа Ле Фе и Исидор за конечни 3-1 и големи три бодови за Сандерленд.
На останатите натпревари, Вулвс одигра 1-1 против Фулам, а Брентфорд ремизира против Кристал Палас (2-2).
Standings provided by Sofascore
Фото: Facebook/Leeds United