Македонија пред полна сала ќе го заверува пласманот на СП 2027
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) информира дека билетите се распродадени и ракометарите ќе настапат пред полна сала, а воедно ги повика навивачите да пристигнат порано пред салата.
„Вратите на СЦ ‘Борис Трајковски’ ќе бидат затворени во 18:30 часот, затоа пристигнете навреме и избегнете гужви на влезовите“, информира РФМ.
Македонија има предност од 31-24 од првиот натпревар против Словачка, а реваншот се игра вечерва од 19 часот.