Верона му ја расипа забавата на Интер - со гол во 91. минута извлече бод! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер денеска ремизираа против Верона (1-1) во 37. коло од Серија А, во натпревар кој немаше голема важност затоа што веќе ја освоија титулата, но ремито доаѓа пред прославата на улиците низ Милано.

Тренерот Кристијан Киву реши да им даде шанса на повеќе фудбалери на дуелот против екипата која следната сезона ќе игра во понизок ранг, па така до предност неговиот тим стигна со автоголот на Едмундсен.

Верона успеа да израмни преку Боуви во првата минута од судиското надополнување и со 1-1 да си замине од „Џузепе Меаца“.

Фото: Facebook/Inter