Хаос во Нант: Навивачи влегоа во терен и го прекинаа мечот со Тулуз! (ВИДЕО)
Нант испадна од најдобрата француска лига, тоа се знаеше и пред денешното коло, но навивачите го искористија овој меч да го кажат своето незадоволство за играта на своите фудбалери во оваа сезона.
Во текот на првото полувреме дел од улстрас навивачите се симнаа на теренот, а фудбалерите уплашени избегаа во соблекувалната.
Безбедносните служби се обидуваа да ја смират ситуацијата, но мечот не продолжи.