Левандовски: Се збогувам од вас, но секогаш ќе ве носам во моето срце! (ВИДЕО)
Договорот на Левандовски со Барселона истекува и тој си оди како слободен играч. Вчера го одигра последниот натпревар пред своите навивачи, а потоа со многу емоции се збогуваше од нив и сите во клубот.
„Ви благодарам многу што дојдовте, ова е многу емотивен и тежок ден. Кога пристигнав, знаев дека клубот е голем, но со вашата љубов стана неверојатен. Од првиот ден се чувствував како дома во Барселона и на овој стадион“, рече Левандовски.
„Им благодарам на моите соиграчи, тренери и сите вработени во клубот. Беше чест да играм за овој клуб, доживеавме одлични моменти во овие четири години и многу сум горд на сè што постигнавме заедно. Денес се збогувам, но секогаш ќе ве носам во моето срце. Некогаш Барселониста, секогаш Барселониста. Ви благодарам многу, да живее Барса и да живее Каталонија!“, рече полскиот напаѓач.