Бев во војна, ова не е ништо – легендата ја заврши кариерата среде хорор сцени (ВИДЕО)
Натпреварот беше прекинат во 22. минута откако бесни навивачи на домашниот тим влетаа на теренот, револтирани поради испаѓањето на клубот во Втора лига. Додека судијката Стефани Фрапарт и фудбалерите бегаа кон соблекувалните, популарниот Ваха остана крај аут-линијата и тргна сам да се пресмета со хулиганите. Обезбедувањето и неговите соработници панично го молеле да се повлече, но тој ладнокрвно одговори.
„Бев во војна, ова не е ништо!“, им рекол Халилхоџиќ.
Сцените биле апокалиптични – факели, пиротехника, маскирани навивачи и специјална полиција на трибините. Француските власти претходно го означиле мечот како високоризичен, но ниту засиленото обезбедување не успеало да спречи тотален колапс. Она што требало да биде емотивно збогување со тренерската кариера на Ваха, се претворило во кошмар. Пред мечот, Нант му приредил спектакуларен пречек – играчите направиле шпалир, а на теренот со него излегле неговите синови и внуци.
Но, само 22 минути подоцна, легендарниот стратег во солзи го напуштал теренот додека околу него одекнувале топовски удари и сирени. Со тоа, кариерата на човекот кој ги водеше Динамо, селекциите на Алжир и Јапонија и уште многу други големи клубови заврши на начин кој никој не можеше ни да го замисли.