Беше во рангот на Мохамед Али: Почина поранешниот боксерски шампион
Витакер беше олимписки шампион во 1984 година на Игрите во Лос Анџелес, а потоа започна и професионална кариера. Беше светски шампион во четири различни категории и се смета за еден од најдобрите дефанзивни боксери во историјата.
Во текот на кариерата настапи на 45 меча, од кои на 40 славеше. Во периодот од 1993 до 1997 година се сметаше за најнеприкосновен боксер во светот.
Витакер беше во рангот на Мохамед Али и Рај Леонард. Беше еден од најдобрите боксери кои некогаш сум ги гледал, изјави Ирвинг Меџик Џонсон, еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња.