Ѓоковиќ останува на врвот на АТП-листата, Федерер му „дише во врат“ на Надал

На најновата АТП-листа, која беше објавена утрово нема промени што се однесува до пласманот на првите седум тенисери.  Прв на листата останува Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Вимблдон.

Српскиот тенисер има 12.415 бодови, а зад него е Рафаел Надал со 7.945 бода. Роџер Федерер имаше шанса да се пробие на второто место, но за тоа му беше потребна победа во финалето на Вимблдон, па сега тој на третото место има 485 бода помалку од Надал.

Зад нив се Доминик Тим, Александар Зверев, Стефанос Циципас и Кеи Нишикори. Карен Хачанов и Фабио Фоњини напредуваа по една позиција, па сега се на осмото и деветтото место, а во топ-10 влее и Данил Медведев, кој напредуваше за три позиции.