Меси распука по судиите: Имаа неколку ср**е одлуки!
„Гаучосите“ играа одличен натпревар иако загубија со 2-0. Имаа дури две стативи и имаа десет шутеви повеќе од противникот. Сепак, топката не сакаше да влезе во мрежата на Алисон, а Меси дел од вината за поразот ја посочи кон судиите.
Тој беше ептен лут што Аргентина не доби пенал при резултат 1-0, а судијата Роди Замбрано не сакаше ниту да се консултира со ВАР-технологијата.
„Тие не беа подобри од нас. Првиот гол го постигнаа многу рано, а вториот дојде откако нас не ни досудија пенал“, рече Меси пред новинарите. „Судиите донесоа неколку ср**е одлуки, но не ни се консултираа со ВАР, тоа е неверојатно. Тоа се случуваше во текот на целиот натпревар. Секој мал контакт го судеа во корист на Бразил и токму такво ср**е не деконцентрираше од натпреварот. Нема изговори, но мораме да направиме анализа на поразот, да го разледаме натпреварот и се надеваме дека КОНМЕБОЛ ќе преземе нешто околу тоа. Мислам дека одигравме одличен натпревар и тие не беа супериорни“, заврши капитенот на „гаучосите“.