Познати се сите четвртфинални двојки на Копа Америка
Уругвај во дуелот за прво место го совлада Чиле со 1-0, додека Еквадор и Јапонија се простија од натпреварувањето. Познато е дека двете најдобро третопласирани екипи се пласираа во четвртинале, но тоа се тимовите од група А и Б.
Што се однесува до група А, првото место го освои Бразил со седум бода, додека второпласирана беше Венецуела. Како една од двете најдобро третопласирани екипи беше и Перу со четири бода.
Во група Б доминираше Колумбија со девет освоени бода, а втора беше Аргентина со четири. Понатаму се пласираше и Парагвај, иако тимот имаше само два бода.
Натпреварувањето во Копа Америка продолжува во петок во раните утрински часови со првиот четвртфинален меч, а ќе играат Бразил и Парагвај во 2.30 часот по наше време, а истиот ден ќе играат Венецуела и Аргентина.
Останатите два меча од четвртфиналето се играат во сабота, а тогаш ќе се соочат Колумбија и Чиле од 1.00 часот, додека од 21 часот ќе се пресметаат Уругвај и Перу.