Обезбеди место во Премиер лигата, па си даде отказ за да одмори

Киран Мекена поднесе оставка од клупата на Ипсвич по четири и пол години, иако со овој клуб избори место во Премиер лигата наредната сезона. 

Четириесетгодишниот стратег одлучил да направи пауза од тренерската работа, а неговото заминување означува крај на извонреден период во кој го предводеше Ипсвич од третата англиска лига до два пласмани во елитното друштво.

Според британските медиуми, одлуката на Мекена не е поврзана со нов ангажман, иако во изминатиот период се споменуваше интерес од Фулам. Наместо тоа, тој сака да се одмори и да посвети повеќе време на семејството. 

„Кога ќе изградите однос каков што ние имавме во овој клуб, никогаш не постои вистински момент за збогување. Сепак, по вториот пласман во Премиер лигата и по уште еден незаборавен последен ден на нашиот стадион, по внимателно размислување во изминатите недели почувствував дека ова е вистинското време за крај“, изјави Мекена.

Тој го презеде Ипсвич во декември 2021 година, кога клубот настапуваше во  Лига 1, третото ниво на англискиот фудбал и со него успеа да дојде до елиното друштво.