ФФМ му изрече парична казна на Вардар поради пиротехниката на мечот со Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека македонскиот шампион Вардар добил парична казна поради употребата на пиротехника на последниот натпревар од минатата сезона против Шкендија.

Дисциплинската комисија при ФФМ на состанокот одлучи дека Вардар ќе треба да плати 17.000 евра поради користење на пиротехнички средства.

„ФК Вардар се казнува со 17000 евра поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33 коло со ФК ШКЕНДИЈА“, соопшти ФФМ.

Останатите одлуки на Дисциплинската комисија при ФФМ може да ги прочитате ТУКА.