Пандев е задоволен со ждрепката за ЛЕ: Најмногу го посакувавме Зрињски!
Газдата на клубот од Струмица, Горан Пандев вели дека е среќен што за противник им се паднал токму тимот на Зрињски.
„Од сите противници кои можевме да ги добиеме во првото коло од квалификациите за Лига Европа, најмногу го посакувавме Зрињски. Веруваме дека можеме да направиме нешто против клубот од Мостар. Го почитуваме противникот во секој случај, но верувам во нашите момци. Горд сум на нив, зашто го освоиме Купот на Македонија минатата сезона, а тоа е историски успех за нашиот клуб“, вели Пандев.