Реал го продава Куртоа

Прв избор на Зинедин Зидан за голманската позиција дефинитивно е Кејлор Навас. 

Иако требаше да биде стандарден на голот на „кралевите“ по трансферот од Челси, сепак Тибо Куртоа прикажува слаби партии откако се пресели во Мадрид.Токму поради ова челниците на клубот од „Сантијаго Бернабе“ планираат да го продадат Белгиецот.

Куртоа дојде како еден од најдобрите голмани во светот и не ги исполни очекувањата.Поранешниот голман на Челси во Мадрид стигна минатото лето во трансфер вреден 40 милиони евра, а потпиша шест годишен договор.