Нејмар со солзи откри каков човек е Меси: Ми помогна кога ми беше најпотребно!
Нејмар дојде како идна голема светска ѕвезда во Барселона, а во летото 2017 година за 222 милиони евра предизвика земјотрес со трансферот во ПСЖ. Во последно време се поврзуваше со враќање во Каталонија, но и со трансфер во ривалскиот Реал Мадрид.
Искрено, многу ми е тешко да зборувам за Лионел Меси, зашто тој беше толку посебен за мене кога дојдов во Барселона. Јас постојано го повторувам истото на најблиските, дека кога ми требаше наголема поддршка, кога ми беше најтешко – Меси секојпат беше со мене. Знаете колку значи најдобриот фудбалер на светот да дојде и да ви рече: 'Дојди тука, јас сум тука да ти помогнам'. Кога дојдов, прво што ми кажа беше: 'Не биди срамежлив и немој да се плашиш од ништо, најмалку од мене, а немој да се плашиш ни од клубот'“, рече Нејмар во интервју за „Глобо Еспорте“.