МВР ќе ги гони навивачите на Шкендија за свирење на химната и ширење национализам на куп-финалето!?
Од МВР за порталот „Скопје1“ потврдиле дека веќе се преземаат конкретни мерки и активности по случувањата на трибините за време на натпреварот.
„СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и санкционирање на прекршителите на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар“, велат од МВР.
Финалето на Купот беше проследено со повеќе инциденти, меѓу кои исвиркување на македонската химна, националистички скандирања, навредливи пораки и употреба на пиротехнички средства. Дел од пиротехниката завршила и на тартан-патеката покрај теренот (прочитај ТУКА)
Покрај полициската постапка, жестока реакција се очекува и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која најавува дисциплински мерки поради однесувањето на навивачите, како и поради одбивањето на претставниците на Шкендија да ги примат медалите и за навредите кон семејството на првиот човек на макфудбалот, Масар Омерагиќ (прочитај ТУКА).
Скандалозното однесување на навивачите и фудбалерите на Шкендија на вчерашното финале од Купот на Македонија е само уште една црна дамка која тетовскиот клуб ја остава врз македонскиот фудбал. Непочитувањето кон државата во која живеат и кон граѓаните со кои го делат овој простор со години наназад станува препознатлив белег на нивното однесување (прочитај ТУКА).