Скандал: Поразената Шкендија одби да ги прими медалите од Купот! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија одбија да ги примат медалите кои беа наменети за поразениот во финалето од Купот на Македонија, скандалозно однесување на поранешниот македонски шампион.

Купот на Македонија почна скандалозно поради навивачите на Шкендија кои ја исвиркаа македонската химна, а заврши со непочитување од фудбалерите на тетовскиот тим и стручниот штаб кои одбија да ги примат медалите за поразениот.

Наместо тоа, фудбалерите на Шкендија отидоа кај своите навивачи и ги игнорираа повиците на организаторот да дојдат по медалите.