Шоу на Астон Вила во Истанбул - два еврогола! (ВИДЕО)

Астон Вила е блиску до трофејот во Лига Европа, во финалниот меч против Фрајбург водат со 2-0 благодарение на два фантастични гола во првиот дел од мечот.

Најпрво Тилеманс испука еден волеј во 41. минута за водство на Вила од 1-0.

А во судиското продолжение од првиот дел Буендија постигна прекрасен гол од далечина за 2-0.