ФФМ распредели 9.4 милиони евра пари од УЕФА, најмногу се офајди Шкендија!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги распредели парите од УЕФА кои беа наменети за македонските клубови, убедливо најмногу има за Шкендија.

Повеќе од половина од сумата, односно 5.771.699 евра одат на сметката на Шкендија. Ова се пари кои тетовскиот клуб ги заработи со настапите во Конференциската лига во која стигна и до нокаут фазата.

Значителни суми добија и останатите наши претставници во Европа, Вардар (880.583 евра), Работнички (541.583 евра) и Силекс (505.583 евра).

Останатите клубови од Првата лига добиваат по 180.583 евра, пари од солидарниот фонд на УЕФА.

Пари има и за клубовите од Втората лига кои добија по 10.944 евра.

Женската екипа на Љуботен доби 227.000 евра, а футсалците од КМФ Форца 2015 – 60.000 евра.