Навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската химна! (ВИДЕО)

Скандал на стартот од финалето на Купот на Македонија, македонската химна беше исвиркана од страна на навивачите на тетовскиот клуб.

Денеска на Националната арена во Скопје се игра финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Силекс, а стартот беше скандалозен, со свирежи за химната на Македонија.

Навивачите на Шкендија покажаа непочитување кон химната, седеа додека таа се интонираше и ја свиркаа. Дополнително имаа голем транспарент против ФФМ, па клубот се очекува да добие сериозни санкции поради однесувањето на своите фанови.