Поради Мурињо, Чави стапува на сцена
Шпанската фудбалска легенда е меѓу кандидатите за нов предводник на Бенфика, на местото на Жозе Мурињо кој се поизвесно повторно ќе го води Реал. Во комбинација се уште три имиња: Марко Силва од Фулам, Андони Ираола од Борнмут и Тијаго Мота кој во моментов е без ангажман.
Фулам има намера да му понуди продолжување на договорот на Силва, Ираола неодамна најави дека си оди Борнмут на крајот од сезоната, а Мота нема пречки, евентуално да ја преземе Бенфика.
Без ангажман е и Чави кој нема работа од 2024 година кога си замина од Барселона. Со „каталонците“ освои една титула во шпанското првенство и еден Суперкуп на Шпанија што беше огромен успех, имајќи ја предвид тогашната ситуација во клубот.