Ѓоковиќ песимист: Тешко дека можам далеку да стигнам на „Ролан Гарос“
Србинот е поставен за трет носител и веќе одржа неколку тренинзи. Сепак, најдобриот во историјата не е воодушевен од состојбата во која се наоѓа моментално.
„Фрустрирачки е. Во исто време, моја одлука е да продолжам да играм во оваа состојба и услови. Гледам што ми недостасува, половина чекор сум зад себе. Дефинитивно не сум таму каде што сакам да бидам за да се натпреварувам на највисоко ниво и да можам да одам далеку“, беше искрен Новак.
Српскиот тенисер додаде дека повредите и физичките проблеми станале негово секојдневие, што драстично го менува начинот на кој влегува на големи турнири.
„Да бидам искрен, ова не е идеална подготовка. Не се сеќавам кога последен пат во последните неколку години имав подготовки без никакви физички или здравствени проблеми пред турнир. Секогаш се случува нешто. Тоа е нова реалност со која морам да се справам. Тренирам напорно. Тренирам колку што ми дозволува телото. А како сè ќе заврши на теренот е навистина непредвидливо“, рече Ѓоковиќ.
Оваа сезона тој одигра само 11 натпревари од кои седум на Австралија Опен каде стигна до финалето. Во Индијан Велс беше елиминиран во четвртфиналето од Џек Дрејпер, а на Мастерсот во Рим изгуби уште во првиот настап. Ѓоковиќ има три титули на „Ролан Гарос“, последната освоен во 2023 година по триумфот против Каспер Руд со 3-0.