Сити подготвува огромен трансфер буџет за Мареска - познати се неговите желби!

Енцо Мареска ќе биде наследникот на Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити, а веќе тој ги крои плановите за настап на трансфер пазарот во летниот преоден рок.

Информациите велат дека Манчестер Сити ќе му даде поддршка од 200 милиони фунти за трансфери на Мареска.

Тимот на Сити ионака е силен, а стратегот ќе има шанса дополнително да го засили со неколку фудбалери.

Како прва и основна цел се споменува Елиот Андерсон кој се промовираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата и обезбеди место во англиската репрезентација.

На листата на желби на Мареска се и Мајкл Кајоде и Ели Жуниор Крупи.

Сигурно ќе има и заминувања, а евентуална продажба на играчи ќе може дополнитенло да го зголеми буџетот.