Емери е мајстор за Лига Европа, Астон Вила го освои трофејот во Истанбул! (ВИДЕО)
Англискиот тим беше фаворит во овој натпревар, се очекуваше поголем отпор од Германците, но Астон Вила лесно го освои трофејот.
Серијата погодоци ја отвори Тилеманс со супер волеј во 41. минута од натпреварот.
Во судиското продолжение од првиот дел Буендија постигна уште поубав гол за предност на Астон Вила и од 2-0.
Течеше 58. минута кога гол даде и Роџерс и ги постави конечните 3-0 за Астон Вила.
Унаи Емери по петти пат го освојува овој трофеј, првпат со Астон Вила, има три со Севиља и еден со Виљареал.