Мартинез има неверојатна статистика - не може да загуби финале!

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез синоќа крена нов трофеј, со своите соиграчи ја освои Лига Европа откако со убедливи 3-0 го победија Фрајбург во Истанбул.

Аргентинскиот голман има луда статистика кога финалињата се во прашање, тој нема загубено ниту едно, а играл на седум

Седум освоени пехари од исто толку финалиња, најдрагото секако е Светското првенство со Аргентина.

По вчерашниот меч тој кажа дека бранел со скршен прст, но очигледно тоа не му пречеше да ја сочува мрежата.

„Играв со скршен прст. Не беше лесно, но овие работи се дел од процесот“, рече Мартинез.