Вардар апелира пред мечот со Шкендија: Да навиваме без националистички навреди!

Во сабота со почеток од 18 часот, Вардар ја пречекува Шкендија во натпревар од последното коло во Првата македонска фудбалска лига, а раководството на клубот излезе со посебно соопштение за тој меч.

Финалето од Купот на Македонија изобилуваше со скандалозни и непримерни скандирања на навивачите на Шкендија, како и исвиркување на македонската химна. За таквите испади следуваат казни.

Вардар не сака некоректно навивање од своите фанови, па упатува молба за фер поддршка од трибините.