Одредени двојките за баражите за пополнување на Втората лига – ќе биде пеколно!
За четирите слободни места ќе се борат осум екипи и тоа три клуба кои сезоната ја завршија од деветтото до 11-тото место во Втората лига, како и петте шампиони од регионалните натпреварувања.
БАРАЖ ДВОЈКИ:
Тетекс Тетово – Влазними Струга
Каменица Саса – Еуромилк ГЛ
Кожув Гевгелија – Борец Велес
Победа Валандово – Камјани Камнењане
Натпреварот меѓу Тетекс и Влазними ќе се одигра на 31 мај, додека останатите три средби се закажани за ден порано. Домаќините и стадионите за одигрување дополнително ќе бидат одредени.