
„ Нема поим за тактика и зборува глупости“
Дитмар Хеман објави дека Роберт Левандовски не дава никаков придонес во играта на баварскиот тим и дека Баерн ќе се прероди ако Полјакот биде продаден. На овие коментари, Левандовски реши да одговори и да го спушти на земја легендарниот баварски фудбалер.
„ Секогаш сум фокусиран на мојата работа. Натпреварите од купот се секогаш тешки за играње, но најважна е победата. Не ме интересира што некој зборува за мене, особоено ако е тоа некоја глупост. Мислам дека Хеман не знае многу за тактиката“, оштар беше одговорот на Левандовски