Лудилото продолжува: Суперкласико повторно ќе се одложи!? (ФОТО)
Ривер и Бока првиот дуел го одиграа на „Бомбоњера“ и таму беше сè регуларно, односно дуелот заврши 2-2, но реваншот никогаш не се одигра поради каменувањето на автобусот на Бока пред „Монументал“ во Буенос Аирес.
КОНМЕБОЛ поради безбедноста на фудбалерите реши да се игра дуелот надвор од Аргентина, односно на друг континент, но очигледно тоа нема да се случи.
Ривер плејт преку официјално соопштение одби да настапи во Мадрид затоа што смета дека тоа е голем удар за клубот и навивачите на нивната екипа, а сметаат дека виновник за инцидентите е аргентинската власт.
Тие сакаат да се игра на „Монументал“, кој беше исполнет двапати и двапати незадоволните навивачи мораа да се враќаат дома, зашто мечот не се одигра.
Comunicado de prensa 👇 https://t.co/0jyXd7WoZd
— River Plate (@CARPoficial) December 1, 2018