
Матиќ се јави: Тој цвет за мене секогаш ќе биде симбол на агресијата врз Србија!
Матиќ одбил да го носи симболот на својот дрес за време на мечот во саботата со Бормут, а сето тоа наиде на бура од негодувања кај англиската јавност, а сега детално објаснил во обраќање зошто тоа го направил.
„Во потполност разбирам зошто луѓето носат ваков цвет и совршено го почитувам правото на секој тоа да го прави, потполно сочувствувам со секој кој некој близок загубил во војните. Сепак, сето ова за мене е само потсетување на нападот кој го доживеав лично како дете, преплашено дете од 12 години, додека живеев во Врело, кога мојата земја беше разорена од бомби во 1999 година. Иако тоа го правев во минатото, сега сметам дека не е исправно да го носам симболот 'мак' на својот дрес. Не сакам да го намалам значењето на симболот 'мак', како симбол на гордост на Британците, ниту да навредам некого, ама сите ние сме одраз на нашето воспитување и ова е личен избор како што наведов. Се надевам дека сите ќе ги разберат моите причини, кои сега ги објаснив и дека ќе можам да се сконцентрирам да му помогнам на својот тим во мечевите кои се пред нас“, напишал Матиќ.