Макеоднскиот шампион Вардар ја испиша историја вечерва среде Истанбул, откако успеа да обезбеди европска есен и пласман во групната фаза во Лига Европа по новата победа сега со 1-1 против турскиот гигант Фенербахче и со вкупни 4-1 оди во најмасовното натпреварување на Стариот континент. Вардар е првиот македонски клуб, кој успева да обезбеди групна фаза во едно од европските натпреварувања.

Грузиецот Џамбал Џагаури вечерва на црвено-црните им го донесе толку посакуваниот гол во 68-та минута за да го замолкне „Шукру Сарачоглу“ и да им ги урне сите надежи на Турците дека може да стигнат барем до продолженија. Џигаури се снајде и со лизгачки старт го совлада Карлос Камени по контрата која ја повлече Фелипе. Голот на Џигаури дојде само седум минути откако Роман Нојштадер по корнер донесе водство за Фенербахче, па по вардаровиот гол падна мотивацијата на домаќините и Вардар имаше уште три шанси за да победи во Истанбул.

Кога веќе падна мотивот на Фенер, вардарци успеаа да направат уште низа шанси, а во судиското продолжение , 92-та минута Никола Глигоров погоди вторпат во мрежата за уште една победа на рвено-црните против Турците.

Филип Гачевски со маестралните одбрани ги предводеше вардарци денеска до херојскиот настап и историскиот пласман. Буквално сите фудбалери до последна капка пот се бореа, се бранеа и кога најмногу требаше дадоа гол за да го испразнат предвреме домот на турскиот гигант. Гачевски спаси пет чисти удари (три во првиот дел), одбраната храбро успеа да ги сопре сите напади, а дирекот и пречката двапати беа сојузници на Камени, Вардар да не победи. Еднаш ерменскиот Хулк погоди дирек пред крајот на првиот дел, а по голот на Џигаури погоди и пречка во новата контра.