Капитенот Стоилов се враќа во составот на Вардар за Рајн Некар (ФОТО)
Пикерот паузираше еден месец, а сега е време полека да се врати и во натпреварувачки ритам. Тој ќе го предводи Вардар денеска против Рајн Некар Левен во „Јане Сандански“ во рамки на дерби колот од 4.коло во Лигата на шампионите.
За прв пат во составот на „црвено-црните“ сезонава во елитното натпреварување е и голманот Калифа Гебдан, кој дебитираше во вторникот против Војводина во рамки на СЕХА-лигата.
Кај Германците во составот очекувано е македонскиот репрезентативец Филип Талески, додека на списокот е и поранешниот „вардарец“, Илија Абутовиќ, но српскиот репрезентативец нема да игра поради повреда.