Уште една епска изјава на Златан Ибрахимовиќ во негов стил

Златан Ибрахимовиќ доминира во МЛС-лигата и веќе постигна 20 голови на 24 натпревари за Лос Анџелес галакси. 

Американските новинари веќе почнаа да го прашуваат за МВП наградата, но Швеѓанецот смета дека побитни му се трофеите со Галакси, бидејќи тој самиот е поголем од целата лига.

„Таа награда би била само бонус за мене. Јас сум поголем од целата МЛС-лига, за мене таа награда е само бонус, ја добива тој што ја добива, но не ми е премногу грижа. Не ја сакам ако не освоиме нешто, па затоа поважно ми е мојот тим да оди во плејофот, а потоа и да го  освои големиот трофеј. Се што следува подоцна е само бонус. Според вас новинарите јас веќе сум МВП, ќе видиме што ќе кажат другите“, изјави Ибрахимовиќ.