Рамос доби понуда вредна пет милиони долари по сезона

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос од минатото лето е без клуб, но наскоро би можел да му се врати на фудбалот.

Рамос сè уште привлекува интерес од многу екипи, а еден од тимовите кои направиле чекор по неговиот потпис е Бока јуниорс.

Аргентинскиот гигант испратил понуда од пет милиони долари по сезона до Рамос со цел да го натера Шпанецот да потпише за нив.

Бока јуниорс и претходно испрати понуда до Рамос, меѓутоа шпанскиот дефанзивец не ја прифати поради семејството кое не сакаше да се пресели во Аргентина.