Јувентус во јануари ќе го продава капитенот Данило!

Поранешниот италијански шампион Јувентус реши да избрка уште еден член на старата града на клубот, а станува збор за капитенот Данило.

Тренерот Тијаго Мота во разговор со раководството на „Старата дама“ донел одлука дека треба да му дозволат на Данило во јануари да си побара нов клуб за неговата иднина.

Данило оваа сезона одигра вкупно 16 натпревари за калчолигашот, а притоа запиша само една асистенција.

Јувентус сè уште нема пораз во Серија А по 17 одиграни меча, но има дури 10 ремија и се наоѓа на шестата позиција со 31 освоен бод, односно девет помалку од лидерот Аталанта.