Гатузо се огласи по шпекулациите за враќањето на Ибрахимовиќ

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ денеска го прослави 37. роденден, а утрово се појавија шпекулации дека наскоро би можел да се врати во Европа.

Италијанските медиуми пишуваа дека Ибра ќе се врати во редовите на Милан, а тоа ги израдува навивачите на „росонерите“, па дури и тренерот Џенаро Гатузо, кој се огласи за целиот случај.

Гатузо на прес-конференцијата рече дека слушнал за потенцијалното враќање на Ибра во Милан, но не сакаше ништо повеќе да каже за тоа.

Неговиот одговор уште повеќе ја „запали“ јавноста и навивачите, кои се надеваат дека одличниот Швеѓанецот ќе се врати на „Сан Сиро“.

„Денеска е неговиот роденден и сакам да му честитам. Зборувам само за играчи кои се во Милан, а за Ибра може да ги прашате Малдини, леонардо или Скарони. Сакам да му го честитам роденденот на Златан и да му посакам среќа“, кажа Гатузо.