Јувентус може да се засили со Хрватот кој блеска во Ла Лига
Со таков учинок Хрватот го дели третото место на листата стрелци со Килијан Мбапе, повеќе голови од него постигнаа само Роберт Левандовски (16) и Рафиња (11).
Според информациите Осасуна би можела да го продаде за сума помеѓу четири и пет милиони евра. Шпанскиот портал „Супердепорте“ потсетува дека во изминатиот период интерес за Будимир покажале Јувентус и Фенербахче и тие би можеле да тргнат по неговиот потпис во зимскиот преоден рок.
Сепак, се потенцира дека Осасуна без разлика на годините на Будимир нема намера да го продаде својот напаѓач под поставената цена.