
Реал донесе нов Бразилец: Ме споредуваат со Роналдо, но јас сум сличен со Нејмар
Винисиус стигна од Фламенго, а станува збор за голем талент кој уште на првите тренинзи се истакна пред тренерот.
Иако беше толку скапо платен и има голем потенцијал, Реал планираше да го пушти на позајмица во Виљареал, но играчот откри дека нема да има ништо од тоа.
„Ова е посебен ден за нас“, изјави Роналдо, славниот Бразилец кој го донесе младиот играч во Реал.
„Задоволство е да се биде овде со Роналдо, тој е голема легенда и секогаш сакав да бидам како тој. Ме споредуваат со него, но верувам дека повеќе личам на Нејмар. Ако можам да бидам комбинација од нив двајца, тоа би било најдобро“, порача младиот играч.
Младиот напаѓач може да дејствува на двете крилни позиции и сѐ уште нема одлучено кој број на дресот ќе го носи.