Збеснаа од радост: Реакцијата на навивачите на ПСВ кога Ајакс прими гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСВ вчера во претпоследното коло од холандското првенство на домашен терен го совладаа Хераклес со 4-1, додека Ајакс истовремено играше против Гронинген и ремизираше 2-2 со гол кој го прими во 99. минута.

Камерите на стадионот на ПСВ го снимија и моментот кога навивачите дознаа дека нивниот ривал прими гол за израмнување, а тоа значеше дека на едно коло пред крајот ќе го преземат врвот на табелата.

Во последното 34. коло Ајакс игра на домашен терен против Твенте, додека ПСВ гостува во Ротердам кај Спарта. Фудбалерите на тимот од Ајндховен сега имаат се во свои раце и голема можност за освојување на титулата.

Инаку, Ајакс имаше огромна предност на врвот на табелата, но во последните четири кола од можни 12 бода освоија само два бода и ПСВ тоа знаеше да го искористи.