Историја: Мбапе урна рекорд на Ди Стефано стар повеќе од 70 години!

Францускиот голгетер Килијан Мбапе има неверојатна индивидуална сезона по доаѓањето во Реал Мадрид, а синоќа на дуелот против Мајорка (2-1) испиша историја.

„Кралевите“ останаа без најголемите титули, но Мбапе има причина за радост затоа што во дебитантската сезона во дресот на Реал Мадрид постигна дури 28 голови.

Мбапе со неговиот погодок против Мајорка, кој беше 28 во сезоната, го урна претходниот рекорд на Алфредо Ди Стефано по број на погодоци во Ла Лига во својата прва сезона во „кралскиот клуб“.

Реал до крајот на сезоната ќе одигра уште два натпревари, а Мбапе ќе има шанси да го подобри неговиот рекорд.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.