Шишковски останува во шампионот на БиХ, наскоро ќе го продолжи договорот

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и во иднина ќе го носи дресот на Борац Бања Лука.

Босанските медиуми објавуваат дека двете страни веќе постигнале договор за продолжување на соработката и во следниот период, веројатно по завршувањето на сезоната, ќе го официјализираат сето тоа. Шишковски дојде во Борац пред почетокот на оваа натпреварувачка кампања од ерменскиот Арарат и запиша 22 настапа при што бранеше и во Конференциската лига каде тимот од Бања Лука стигна до нокаут фазата.

Во моментов Борац се наоѓа во жестока битка за шампионската титула во босанското првенство. На три кола пред крајот на сезоната, во водство е Зрињски со бод повеќе од Борац.