
Скандалот се проширува: Новата ѕвезда на Реал може да се соочи со петгодишна затворска казна!
Асенсио така по полициската истрага ќе се соочи со обвиненија заедно со уште тројца поранешни соиграчи од тимот на Реал, Феран Руиз, Андрес Гарсија и Хуан Родригез. Станува збор за снимка направена во 2023 година на која се гледа како неговите соиграч имаат секс со девојки кои тогаш имале 18 и 16 години.
Двете девојки според судската пресуда покажуваат симптоми кои одговараат на пострауматски стрес. Исто така медиумите пренесуваат дека судијата во својот исказ истакнал дека постојат доволно докази кои покажуваат дека имало кршење на приватноста, дистрибуција на снимка на трети лица без знаење и согласност на жртвата, учество во детска порнографија...
Според законите во Шпанија фудбалерите можат да се соочат со затворска казна од три до пет години.
Real Madrid defender Raul Asencio has been accused of child pornography distribution pic.twitter.com/AG7v85MIXS
— Mail Sport (@MailSport) May 15, 2025
Фото: EPA PHOTO