Денвер доби предлог за засилување: Со Јокиќ би биле убиствен тандем!

Кошаркарите на Денвер се пред елиминација од плеј-офот во НБА лигата бидејќи имаат негатива од 3-2 во серијата против Охлахома, а во таква ситуација во медиумите веќе се шпекулира и за плановите на раководството во текот на летото.

Иако во теорија постои шанса Денвер и оваа сезона да биде шампион, јасно е дека ќе има промени ако тоа не се случи.

На Никола Јокиќ очигледно потребна му е поголема поддршка од соиграчите на теренот, а исто така тимот во текот на летото веројатно ќе бара нов тренер бидејќи тешко е да се очекува дека Дејвид Аделман кој го наследи Мелоун ќе остане подолго на клупата.

Но, сега Еван Сајдер, соработник на „Форбс“ и кошаркарски новинар изнесе инетересен предлог за тимот од Колорадо - Кевин Дурант!

„Тим кој сериозно би можел да ја разгледа опцијата за трејд со Кевин Дурант е Денвер. Посебно во плеј-офот е очигледно дека им е потребен уште еден таков кошаркар кој ќе го намали притисокот врз Јокиќ Тандемот Јокиќ-Дурант би бил убиствен во нападот“; пишува Сајдер.

Дурант има разочарувачка сезона со Феникс на тимско ниво бидејќи не успеаа да се пласираат ниту во плеј-инот. Речиси сигурно е дека Дурант ова лето ќе ги разгледа понудите од поголемите клубови, па останува да видиме како ситуацијата ќе се развива.

Фото: Denver Nuggets/FB