Бруно за новиот договор: Ги прекинавме преговорите, прво да почнеме да победуваме

Со месеци наназад се водат полемики околу тоа дали Бруно Фернандеш и следната сезона ќе биде дел од Манчестер јунајтед, а според последната изјава Португалецот клупските интереси ги става пред своите.

На новинарското прашање на последната прес-конференција, Бруно порача дека тимот прво мора да почне да победува, па потоа да се зборува за други работи.

„Најпрво треба да почнеме да победуваме на натпреварите, па потоа можеме да разговараме за договорот. Тоа во моментов не е важно. Станува збор за мојата иднина. Не ми останува уште многу време, но ќе имаме можност да разговараме. Преговорите беа прекинати кога проценивме дека ова не е вистинскиот момент“, изјави Португалецот.

Да потсетиме, Јунајтед во неделата доживеа тежок пораз од Ливерпул на „Енфилд“, на дебито на Маурисио Покетино. Сепак, неправедното исклучување на Лени Јоро дополнително ги обедини фудбалерите и атмосферата во тимот.

Дали ова ќе биде доволно за „црвените ѓаволи“ да стигнат до победа на утрешното гостување кај Спортинг во Лисабон, останува да видиме.