Екс-фудбалер на Партизан приведен во Белград, му нашле пиштол и муниција
Според информациите што ги објавија српските медиуми, 40-годишниот Волков бил приведен денеска околу 11 часот во Дунавската улица во Белград. Во возилото, покрај него, се наоѓале уште две лица, кои исто така биле приведени по полициската интервенција.
При контролата на автомобилот бил пронајден пиштол со рамка и 11 куршуми. Според објавените информации, на оружјето бил избришан фабричкиот сериски број. Полицијата во возилото пронашла и една таблета за која постои сомневање дека содржи наркотична супстанција. Тројцата биле спроведени во полициска станица, а автомобилот бил однесен на дополнителни проверки и вештачење. Надлежните органи треба да ги утврдат сите околности на случајот, вклучително и кому му припаѓа пронајденото оружје.
Волков е добро познато име во српскиот и црногорскиот фудбал. Најголем дел од кариерата помина во Партизан, за кој настапуваше од 2011 до 2015 година, одигра 112 натпревари и освои три шампионски титули. Во кариерата настапуваше и за Шериф Тираспол, со кој освои две шампионски титули и два национални купа, а го носеше и дресот на неколку други клубови.
На репрезентативно ниво има еден настап за Србија, но потоа настапуваше за Црна Гора, за која одигра 17 натпревари.