Еспи е „џокерот“ на Мурињо: Реал Мадрид со пресврт ја реши Селта (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа да избегне непријатно изненадување на „Сантијаго Бернабеу“, откако со пресврт го совлада тимот на Селта Виго со 2-1 во натпреварот од 13. коло во шпанската Ла Лига.

По само шест минути игра, Пабло Дуран ја искористи одличната асистенција на Вилиот Сведберг и ја затресе мрежата на Тибо Куртоа за водство на Селта.

Килијан Мбапе не успеа да реализира удар од белата точка пред паузата, па „кралевите“ на одмор заминаа со негатива.

Реал тргна по израмнување во вториот дел и конечно до него стигна во 66. минута преку Џуд Белингам, додека целосен пресврт обезбеди резервистот Карлос Епси во 85. минута.

„Кралскиот клуб“ со оваа победа се израмни со Барселона на врвот и има 33 поени.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.