Украинецот Јуриј Захариев го освои „Златниот гонг“ во Скопје

Украинскиот боксер Јуриј Захариев e победник на 55. издание на меѓународниот турнир „Златен гонг“, кој се одржа во Скопје, додека во женска конкуренција победничка беше боскерката од Шпанија, Лаура Галино Лопез, а признанието за најдобар македонски боксер му припадна на Алин Нусуфи.

Олег Кудинов беше избран за најдобар тренер, Дмитро Лазарев за најдобар судија, а Германецот Габриел Штрајх за најдобар техничар. Украинската репрезентација покрај што го имаше победникот доминираше и во останатите финални борби, па така таа беше избрана за најдобра на турнирот.

Една од најинтересните борби на финалната вечер беше дуелот во категоријата од 55 до 60 килограми меѓу Башким Бајоку од Косово и Васко Олександар од Украина. Двајцата боксери ги освоија симпатиите на публиката со борбеноста, а победата со 4-1 му припадна на Украинецот. Токму тие беа прогласени за најборбен пар на турнирот.

Интересен меч понудија и тешкашите Андриј Калцеки од Украина и Марако Пртљачиќ од Хрватска. Украинската доминација во финалните борби ја прекина Германецот Габриел Штрајх, кој со 3-2 го совлада Давид Жижавињ.

На 55. издание на „Златниот гонг“ учествуваа 89 боксери од 20 земји.

РЕЗУЛТАТИ ОД ФИНАЛНИТЕ БОРБИ:

47-50 кг Максим Рудик (Украина) – Мануел Коцо (Албанија) 5-0
50-55 кг Кристијан Коцо (Албанија) – Јелмир Набиев (Украина) 0-5
55-60 кг Башким Бајоку (Косово) – Васко Олександар (Украина) 1-4
60-65 кг Едгарас Скурделис (Литванија) – Владислав Васковски (Молдавија) 4-1
60-65 кг Давид Жижавињ (Украина) – Штрајх Габрил (Германија) 2-3
65-70 кг Олекси Басов (Украина)-  Александар Трофимчук (Литванија) 1-4
65-70 кг Марк Лумакин (Украина) – Леотрим Бериша (Косово) 5-0
70-75 кг Лука Ребернак (Словенија) – Јури Захариев (Украина) 0-5 ТКО Р2

75-80 кг Куиел Џамал (Украина) – Пиајус Валицкас (Литванија) 5-0 бб
75-80 кг Арвидас Даинис (Литванија) – Бесијан Карај (Албанија) 0-5
80-85 кг Матви Рашба (Украина) – Бедрахан Сарај (Австрија) 5-0 бб
85-90 кг Данило Жасан (Украина) – Чобану Разван (Романија) 4=1

48-51 кг Јарослава Маринчук (Молдавија) – Маика Одаија (Молдавија) 0-5
51-54 кг Ина Статкевич (Уркраина) – Ана Лајеска БоливарТовар (Шпанија)
57-60 кг Валерија Рудакова (Унгарија) – Лаура Галано Лопез (Шпанија) 0-5
75-80 кг Раиса Пискун (Украина) – Ирина Луцак (Украина) 4-1
60-65 кг Маријана Сото Торез (Шпанија)– Марина Шевченко (Украина) 0-5 бб

+90 кг Андриј Калцеки (Уркаина) – Марако Пртљачиќ (Хрватска) 5-0