Куманово ја прегази Струмица и скокна до второто место
Натпреварот беше решен со одличната прва четвртина која кумановци ја добија со 21-8, не се промени сликата многу и во вториот период каде што Куманово одново беше подобар сега со 19-11. Така на семафорот на паузата стоеше 40-19.
Продолжија избраниците на Докузовски да доминираат и во второто полувреме, а гостите во ниту еден момент не им ја загрозија убедливата предност.
Најдобри кај Куманово со по двоцифрен број на поени беа Камерон Гуден со 18 и Андрија Стевановиќ со 17 поени. На спротивната страна во поразениот состав Димитар Пандев ја заврши средбата со 14 поени.
Со овој триумф Куманово дојде до второто место каде што останат најмалку до утре кога се игра дербито помеѓу МЗТ И Работнички.